Почетна Вести Народната кујна на Хурем Султан 460 години ги храни сиромашните
Народната кујна на Хурем Султан 460 години ги храни сиромашните

Народната кујна на Хурем Султан 460 години ги храни сиромашните

192
0

Народната кујна во Ерусалим, којашто е направена во 1552 година на иницијатива на Хурем султан, сопруга на османлискиот султан Сулејман Величествениот, 464 години на сиромашните им обезбедува топол оброк, пишува Anadolu Agency (AA).

Народната кујна се наоѓа во близина на џамијата Ал-Акса. Секој ден стотици луѓе наоѓаат спас во оваа кујна. Бројот на оние кои ги користат услугите на кујната се зголемува за време на Рамазан, месецот на постот.

Со садови во рацете млади и стари доаѓаат во кујната за да земат храна за тој ден. Јадењата кои се прават во кујната се менуваат и така, во зависност од денот, се дели пилешко, ориз, чорба, зеленчук и многу други јадења.

Narodna kujnaПо повлекувањето на Османлиите од Ерусалим во 1917 година дошло до намалување на значителен дел од приходите. Кујната се наоѓала во прилично тешка состојба, но не престанала со работа. Денес нејзиното функционирање го помага исламскиот вакуф во Ерусалим, и сите луѓе со добра волја.

Готвачот Самир Џабир рече дека во кујната работат осум години. Според него, околу 135 семејства преживуваат благодарение на Кујната на Хурем султан.

Во Рамазан во Ерусалим доаѓаат голем број на гости, кога се зголемува и бројот на корисници на народната кујна.

„Последниве денови имаме додатни 50 семејства”, појасни Џабир.

Инаку, работниот ден на шестчлената екипа на националната кујна започнува во пет часот.

„Во Ерусалим економската состојба е лоша и има висока стапка на невработеност, така што во текот на целата година имаме голем број на корисници, сиромашни луѓе”, рече Џабир.

Еден од корисниците на кујната е Муса Харуб (57) од Ерусалим. Има четиричлено семејство кое мора да го прехрани.

„Да немам потреба не би доаѓал тука. Се надевам дека оваа кујна ќе продолжи со работа бидејќи има многу луѓе како мене на кои им е потребна”, истакна Харуб.

Осумдесет и двегодишниот Хамдан е, исто така, корисник на оваа кујна. Уште кога неговата мајка била жива доаѓале во оваа кујна. Како што рече, со децении тука го наоѓале спасот.

Народната кујна помага не само на муслимани туку и на припадниците на другите религии, кои во своите патувања поминуваат низ Ерусалим.

Освен кујна, на иницијатива на Хурем султан се изградиле и мезџид, медреса и болница во Ерусалим.

/AA

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *