Почетна Вести Свет Напаѓчот од Тексас е поранешен припадник на вооружените сили на
Напаѓчот од Тексас е поранешен припадник на вооружените сили на

Напаѓчот од Тексас е поранешен припадник на вооружените сили на

0
0

Напаѓачот во Тексас, кој во црква во населба близу Сан Антонио, за време на миса уби најмалку 27 луѓе, а рани повеќе од 20 е идентификуван како Девин Кели, поранешен припадник на американските воени воздухопловства. Според информациите тој не е поврзан со никакви терористички групи.

Нападот се случи во баптистичка црква, а жртвите се на возраст од пет до 72 години. Меѓу нив беше и 14-годишната ќерка на свештеникот.

Според информациите од полицијата, напаѓачот бил припадник на американските воздухопловни сили во логистичката база во Њу Мексико, а во 2012 година бил изведен пред воен суд, поради напад на сопругата и детето. Откако поминал една година во затвор, поради лошо однесување тој бил отпуштен од војската и му бил сменет чинот.

Мотивитте за напдот засега се непознати. ФБИ и полициските органи сметаат дека не се работи за тероризам, туку за лице со ментално пореметување.

Инаку, како што пренесуваат американските медиуми, тој до црквата возел 70 километри од своето место на живеење. Полицијата денеска ќе ја претресе неговата куќа и ќе разговара со луѓе кои биле во непосредна комуникација со него.

/МАКФАКС

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *