Почетна Вести Свет Нападот на Сирија ги обедини православните, коптите и унијатите во Сирија
Нападот на Сирија ги обедини православните, коптите и унијатите во Сирија

Нападот на Сирија ги обедини православните, коптите и унијатите во Сирија

229
0

Нападот на американските, британски и француски воени сили против Сирија г и обедини православните, коптите и унијатите во Сирија.

Патријарсите на Антиохија, патријархот Антиохиски. Јован, патријархот на Коптите во Антиохија  Игнатиј и Патријархот на Мелкитската католичка патријаршија Јусеф I Абси, денеска потпишаа заедничка декларација за осуда на нападите, оценувајќи го чинот како насилен напад со јасно кршење на меѓународниот закон и статутот на Повелбата на Обединетите нации, кој се однесува на напад против една суверена држава, членка на ОН.

Тврдењето на САД и други земји дека сириската армија користи хемиско оружје и дека Сирија е земја која поседува и користи таков вид на оружје, е неоправдано и за тоа нема доволно јасни докази. Овој насилен напад ги отстранува шансите за мирно политичко решение и води до ескалација на состојбите. Овој неправеден напад ги охрабрува терористичките организации и им дава можност да продолжат да тероризираат.  Ги повикуваме Советот за безбедност на Обединетите нации да ја играат својата природна улога во донесувањето на мирот, отколку да се придонесе за ескалација на војната. Ги повикуваме сите Цркви во земјите кои учествуваа во нападот, да си ја исполнат својата христијанска должност, според учењето Евангелието, и да го осудат овој напад со повикување на нивните влади да се заложат за заштита на мирот во светот, стои во заклучоците од заедничката декларација на Православните, коптите и унијатите од Сирија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *