Почетна Вести Нападната џамија во Манчестер
Нападната џамија во Манчестер

Нападната џамија во Манчестер

133
0

Само неколку часа по терористичкиот напад на концертот во манчестерската Арена, нападната е џамија во истиот град.

Вратата на исламскиот центар во Олдхам била запалена и оштетена.

„Утринава околу три часот, полицијата беше повикана поради пожар во џамијата“, соопшти портпаролот на манчестерската полиција, пренесува „Индепендент“.

Имамот Мохамед Садик изјави дека во зградата за време на пожарот немало луѓе, а пожарникарите веднаш ја изгасиле запалената дрвена врата.

Британските медиуми пишуваат дека веројатно станува збор за одмазда поради синоќешниот напад.

Имамите од целиот град денес се собраа и заедно се молеа за сите жртви на нападот во џамијата Викторија парк во Манчестер.

Во нападот по синоќешниот концерт на пејачката Аријана Гранде во Манчестер беа убиени 22 лица, а 59 се повредени.

Бомбашот самоубиец е идентификуван како Салман Абеди, а Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *