Почетна Вести Наместо во дискотека, младите вечерва в Црква
Наместо во дискотека, младите вечерва в Црква

Наместо во дискотека, младите вечерва в Црква

2.85K
0

precistanskiiЦрквата „Пресвета Богородица“ во Скопје вечерва ќе биде претесна да ги собере сите кои ќе дојдат на големото сеноќно бдение што ќе се одржи за светите Пречистански преподобномаченици, а кое ќе го предводи Архиепископот г.г. Стефан.

На овој целоноќен настан ќе сослужуваат архимандритите од македонските манастири.

На бдението ќе пеат хоровите при братствата на Бигорскиот и Лесновскиот манастир, како и хорот „Хармосини“. Литургијата ќе започне во два часот по полноќ, а настанот почнува почнува во 22 часот.

Исто така, во прилог на ова духовно чествување, на 8 и 9 април, во истиот храм ќе се одржи и црковен саем на книгата, на кој учество ќе земат издаваштвата при епархиите на МПЦ – ОА.

Пречистански преподобномаченици беа прогласени за светци од МПЦ во 2012 година. Станува збор за македонски православни монаси од манастирот Света Богородица Пречиста во Кичево. За Христовата вера настрадале во 1558 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *