Почетна Вести Регион Наместо Лајк, сега можете со Амин. СПЦ направи своја социјална мрежа
Наместо Лајк, сега можете со Амин. СПЦ направи своја социјална мрежа

Наместо Лајк, сега можете со Амин. СПЦ направи своја социјална мрежа

246
0

Наместо Лајк – Амин. Наместо музички хитови- црковни песни, наместо новинарски наслови – цитати од Библијата. И Српската православна црква има своја социјална мрежа. Не толку масовна како Фејсбук и Твитер, но неопходна, пишува белградскиот дневен весник „Курир“.

-Сметаме дека мисионерството на интернет е многу ефикасно и носи многу плодови, а да се биде слеп и нем на тој простор не носи ништо добро, вели Александар Милојков, вероучител и основач на социјалната мрежа, црква.нет.

Основачите  велат дека на интернет има толку многу информации и дека ако црквата „не го посее тоа што треба, некој друг ќе сее нешто друго. Идејата е таа да функционира исто како Фејсбук и твитер.

Прво треба да се направи свој профил на црква.нет, па потоа објавувате и на црковен начин се изразувате ако нешто ви се допаѓа.

Засега мрежата има над 2000 корисници.

-Наместо лајк го имате она познатото амин, сакаме да бидеме оригинални, вели Милојков.

За учество на мрежата важат правила на однесување како и на другите мрежи без вулгарности, а и верската определба не е важна, можат да се зачленат сите па и атеисти.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *