Највисокото признание „Вељо Манчевски“ доделено на Здружението „Бадникови поворки“

Date:

Share post:

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи го одликува Здружението „Бадникови поворки“ со највисокото признание „Вељо Манчевски“ за особен придонес во создавањето на трајни вредности“.

– Здружението Бадникови поворки веќе 14 години како народен, духовен и културен проект на граѓаните од православна вероисповед успеа во над 60 населени места ширум Републиката да ја возобнови древната традиција за Бадник да се пеат божиќни каланди, создавајќи празнична и топла атмосфера во радосното исчекување на Христовото Раѓање, со што се постигна највеличествено и највпечатливо прославување на Бадник во поширокиот регион. Благодарение на трудот на Здружението „Бадникови поворки“ кое во своите редови ги вклучи најреномираните македонски пејачи, групи, ансамбли, оркестри, актери, режисери, спортисти и креативци, се создаде трајна вредност на новото време. Ризницата на бадниковите поворки бележи повеќе успешни целовечерни концерти, обновени и извлечени од заборав, но и ново создадени божиќни песни, чија порака е визуелизирана и со моќни видео спотови, организирани се голем број на хуманитарни акции, работилници и допрено е до илјадници луѓе, пружена е рака до секој, за сите да сме заедно, а никој да не е осамен во најубавиот период на годината, напишаа од „Бадникови поворки“ на фејсбук.

Црпејќи го благословот од Македонската православна црква, како и поддршката од епархиите и значајниот поттик од Манастирот Св. Јован Крстител – Бигорски, како што било посочено на доделувањето синоќа од Комисијата, Бадниковите поворки секоја година храбро исчекоруваат во нови достигнувања кои оставаат длабока трага.

– Неизмерно благодарни и радосни што ова признание ни пристигнува во момент на интензивни подготовки за овогодинешните Бадникови поворки, чувствуваме должност најсрдечно да им се заблагодариме на сите досегашни учесници, кои во било кој облик дале свој придонес кон Поворките на радоста кои благодарение на големата поддршка од народот, опстојуваат веќе 14 години. Уште еднаш испраќаме повик за учество до сите градови и населени места: на 6 јануари да излеземе на улиците во целата Република и радосно да го најавиме Рождеството Христово, објавија на фејсбук „Бадникови поворки“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...