Почетна Политичка теологија Најпознатиот светски научник тврди дека постои Бог?
Најпознатиот светски научник тврди дека постои Бог?

Најпознатиот светски научник тврди дека постои Бог?

4.02K
3

Мичио Каку е теоретски физичар и еден од најпочитуваните научници на денес. Тој тврди дека нашол доказ за активноста на силата „што владее со сé.“

macho-kakuСпоред него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгореле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија на струна поради која и е многу почитуван меѓу научниците.

Физичарот всушност го става во употреба она што тој го нарекува „примитивни тачиони со полу-радиус“. Тачиони се теоретски честички што се способни да ја „одлепат“ материјата на универзумот или на вакуумот меѓу честичките на материјата, оставајќи се ослободено од влијанијата на околниот универзум. По направените експерименти Каку дошол до заклучок дека живееме во матрица.

-Дојдов до заклучок дека ние сме во свет направен од правила креирани од интелигенцијата. Верувајте, се што нарекуваме дека е случајно денес, нема да има смисла повеќе во иднина. Мене ми е јасно дека ние не постоиме случајно туку во план што е владеен од правила креирани и обликувани од универзална интелигенција, изјавил научникот.

Коментар(3)

  1. Текстот ви е целосно изваден од контекст и е пишуван со наклонетост кон религиозните убедувања на авторот.

    Да појасниме, ако нешто би можело да се нарече религиозно во Мичио Каку тогаш тоа е фасцинираноста од универзумот, за која вели дека тоа чувство е скоро духовно. Научниците често ја користат фразата “умот на бог” за да поетски да го опишат она што не е сеуште познато, но се работи на негово откривање. Мичио Каку има изјавено безброј пати дека не верува во никаков личен Бог кој интервенира во животите на луѓето или комуницира со нив преку молитви. Еве уверете се:

    https://m.youtube.com/watch?v=jremlZvNDuk

    https://m.youtube.com/watch?v=SBB2qHgZvLY

  2. Сега уште Мичио треба да го признае Исус Христос како Господ и Спасител за да биде спасен и примен кај Бога (Јован 14.6) , исто како што тоа веруваа пред него Јохан Кеплер, Исак Њутн, Пастер,Декарт и многу други.

  3. Nikola Tesla smetal deka vistinski razvoj na naukata kje se sluci togas koga kje se istrazuva tokmu metafizickoto a ne samo empiriskoto. I Albert Ajnstajn dlaboko se poklonuval na redot nasproti haosot vo Univerzumot. Tokmu tie vestacki postaveni granici megju duhovnoto i naucnoto japonskiot naucnik gi pomestuva na edno novo evolutivno nivo vo soznavanjeto na covestvoto.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *