Почетна Вести Регион НАЈНОВА ВЕСТ: Грчкиот Синод дозволи признавање на украинската автокефална црква
НАЈНОВА ВЕСТ: Грчкиот Синод дозволи признавање на украинската автокефална црква

НАЈНОВА ВЕСТ: Грчкиот Синод дозволи признавање на украинската автокефална црква

434
0

Синодот на Грчката Православна Црква отвори пат за признавање на автокефалната црква во Украина. На вчерашната синодска седница ГПЦ ги слушнала претседателите на двете синодални комисии, Комисијата за догматски и канонски работи и Комисијата за меѓухристијански односи, кои имаа задача да ја испитаат автокефалноста на Православната црква во Украина, обезбедена од Вселенската патријаршија. Мислењето на двете комисии е позитивно, имајќи предвид дека не постојат канонски и догматски пречки за признавање на автокефалноста на Православната црква и дека Цариградската Патријаршија го има приматот низ традицијата да го одобри автокефалниот статус на православните цркви.

-Откако ги слушна извештаите на Синодалната комисија за догматски и канонски работи и на Комисијата за меѓухристијански односи за украинскиот проблем Св. Синодот го признава канонското право на Вселенската патријаршија да одобри автокефалија, како и прерогативот на поглаварот на грчката црква за понатамошно поместување на прашањето за признавање на Црквата во Украина, стои во соопштението на Грчкиот синод.

Одлуката на грчкиот Св. Синодот се очекуваше откако позитивните мислења на двата Синодски комитети станаа познати пред еден месец. Според ова мислење, Вселенската патријаршија има право да и даде автокефалија на Црквата во Украина.

Според публикациите во грчките медиуми, денешното мислење на Св. Синодот му овозможува на Архиепископот на Атина Јероним да одлучува како да се продолжи со признавањето на автокефална ПУЦ. Тој може да испрати честитка до првиот човек на Украинската црква со која практично грчката црква би ја препознала новата автокефална црква. Сепак, според грчки извори, тој ќе побара и согласност од грчката ерархија (највисокото тело советот на сите епархиски митрополити на ГПЦ), чија седница е закажана за во октомври.

/двери.бг

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *