Почетна Вести Свет Најмалку две лица загина при напад врз џамија во Бенгази
Најмалку две лица загина при напад врз џамија во Бенгази

Најмалку две лица загина при напад врз џамија во Бенгази

123
0

Најмалку две лица загинаа, а 75 се повредени во вчерашните две експлозии што одекнаа во џамија во градот Бенгази, источна Либија.

Двете бомби се активирани од далечина со помош на мобилен телефон за време на петочната молитва во џамијата „Саад ибн Абу Абада“. Бомбите биле поставени на различни места во џамијата.

Бенгази, вториот по големина град во Либија е под контрола на Либиската национална армија (ЛНА), предводена од Калиф Хафтар. ЛНА до крајот на минатата година се бореше против исламистите поврзани со Исламска држава и Ал Каеда.

Хафтар е можен кандидат за либиските национални избори, што би се одржале кон крајот на годината. Тој има репутација дека го стабилизира Бенгази и околината по анархијата што уследи откако пред седум години со помош на НАТО беше соборен од власт Моамер ел Гадафи.

Пред две недели во два бомбашки напади во Бенгази загинаа 35 луѓе.

/Нова Македонија

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *