Почетна Вести Свет Најмалку 39 екстремисти убиени во операција на Пакистан по нападот на џамијата
Најмалку 39 екстремисти убиени во операција на Пакистан по нападот на џамијата

Најмалку 39 екстремисти убиени во операција на Пакистан по нападот на џамијата

49
0

Најмалку 39 екстремисти се убиени во операции на пакистанските сили за безбедност, кои се покренати ширум земјата, по нападот на бомбаш-самоубиец, кој се разнесе со експлозив во преполно суфистичко светилиште во јужен Пакистан, соопштија пакистанските власти.

pakkkВо операциите изведени во текот на ноќта се уапсени уште 47 лица, вклучувајќи некои во провинцијата Синд, каде се случил самоубиствениот напад.

Во нападот загинаа најмалку 75 лица, од кои 20 деца, а над 300 луѓе се ранети.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

Нападот, извршен врз храмот издигнат во чест на Лал Шахбаз Каландар во градот Сехван Шариф, познат филозоф и поет кој живеел во 12. и 13. век, е најголемиот во серијата бомбашки напади извршени во Пакистан оваа недела, во момент кога пакистанските талибанци и другите радикални исламистички екстремисти се закануваат со нова офанзива.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *