Почетна Вести Ислам Најголемата џамија во Македонија се очекува да биде пуштена во употреба во 2020 година
Најголемата џамија во Македонија се очекува да биде пуштена во употреба во 2020 година

Најголемата џамија во Македонија се очекува да биде пуштена во употреба во 2020 година

795
0

Новата џамија во Топанско поле (Топанската џамија) во Скопје, која се гради под покровителство на на Турската Фондација Дијанет (ТДВ) при Управата за верски работи на Р. Турција, и ќе биде најголемата џамија во Македонија, се очекува да биде пуштена во употреба во 2020 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркан Кара, го посети местото каде што се гради џамијата, за чија изградба е задолжена компанијата „Комаш А.Ш.“ која што работи во рамките на турската Управа за верски работи.

Амбасадорката беше придружувана од страна на заменик-амбасадорот на Р. Турција во Скопје, Мурат Сумер, како и од советникот за верски прашања при Амбасадата на Турција во земјата, Мурат Алкан. Таа беше информирана од страна на надлежните лица за текот на изградбата на џамијата, а разговараше и со работниот персонал.

Во писменото соопштение на Советништвото за верски прашања при Амбасадата на Турција во Скопје, се наведува дека по завршување на изградбата, оваа џамија со капацитет од 1.500 лица, ќе го преземе епитетот најголема џамија во Македонија.

Според соопштението, џамијата ќе претставува еден комплекс во чии рамки ќе има затворен паркинг простор, простории за курсеви по Куран, сали за конференции и состаноци, библиотека, канцеларии, деловни простори, просторија за гусул (просторија за капење на починатите).

„Оваа џамија ќе наликува на Михримах Султан џамијата, која се наоѓа во Едирнекапи, во Истанбул. Џамијата ќе има две минариња високи 48 метри, со што ќе ја одразува османлиската архитектура“, се вели во соопштението, во коешто се нагласува дека целокупното градежно земјиште опфаќа 9.997 квадратни метри, од кои главниот објект опфаќа 2.280 кватратни метри.

Според соопштението, се очекува џамијата, чиј камен темелник беше поставен во септември минатата година, да биде пуштена во употреба во Рамазан, месецот на постот, во 2020 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *