Наградата од Вселенската патријаршија за Мајкл Помпео

Date:

Share post:

Во Њујорк, на годишната гала вечера на организацијата Архони на Вселенската патријаршија, била доделена наградата за човекови права „Атенагора“ на Мајкл Помпео, поранешниот државен секретар на САД.

Наградата му ја врачиле Архиепископот Елпидофор и претседателот на организацијата, Ентони Лимберакис пред околу 700 гости.  Во својот говорот, Лимберакис истакнал дека наградата се доделува заради „искренатазагриженост за правата на Вселенската патријаршија и сите верски малцинства во Турција, како и за тешката положба на сите оние низ целиот свет кои страдале поради остварувањето на својата слобода на совеста.“

Архиепискпот Елпидофор, пак, во своето обраќање ја истакнал поддршката на Помпео за создавањето на Автокефалната православна црква на Украина во 2019 година. „Секретаре Помпео, вашата поддршка на православното христијанство е очигледна. Ова беше одлука во чест на верската слобода и принципите на самоопределување и самоуправа на секој народ, а тоа се токму принципите за кои редот на свети Андреј, архони на Вселенската патријаршија, ве почести оваа вечер.“

Од своја страна, Помпео изразил благодарност и истакнал дека е „особено почестен“ од ова признание: „Не можете да замислите каква голема чест ми претставува вечерва да бидам со вас – со големите и благородни луѓе кои служат на најстарата христијанска верска заедница во светот. Делото на архоните на Вселенската патријаршија дома и во странство ја штити можноста 300 милиони православни христијани слободно да ја практикуваат својата вера и сите луѓе низ целиот свет да уживаат во религиозната слобода.“

Помпео ѝ е познат на македонската црковна јавност по тоа што на 4 октомври 2019 година, како дел од својата еднодневна официјална посета на Македони, ја посетил и црквата Богородица Перивлепта во Охрид, чиј вреден фрескопис бил реставриран и заштитен со средства преку програми на USAID и специјалиот амбасадорски фонд. Во таа прилика, Помпео, во придружба на Филип Рикер, тогашен амбасадор на САД во РМ, бил пречекан од поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Стефан и од тогашниот надлежен владика на Дебарско-кичевската епархија, покојниот владиката Тимотеј  .

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here