Почетна Вера МПЦ-ОА Над 200 деца во Бадникова поворка во Ресен
Над 200 деца во Бадникова поворка во Ресен

Над 200 деца во Бадникова поворка во Ресен

45
0

Околу 230 дечиња од Преспа пеејќи ја „Вечниот бог“ и други коледарски песни ноесејќи макета од пештерата во која е роден Исус Христос денеска во Ресен ја најавија големата радост за Христовото раѓање.

Ѓакон Константин Сековски од храмот „Свети Кирил и Методиј“ посочи дека бадниковите празнувања почнале со света божествена литургија.

-По завршување на литургијата најмладите ресенчани со ѕвезди во рацете ја ширеа радоста за највеселата вест, раѓањето на Синот Божји во Бадникова поворка, изјави Сековски.

На сите православни христијани им ги честиташе Божикните празници посакувајќи им топлина во домовите. – Богомладенецот да го носиме во секое време во срцата и стоплени во душите да го чекаме и славиме, рече ѓакон Сековски.

Бадниковата поворка помина низ централното градско подрачје, а потоа дечињата се вратија во храмот, каде беа дарувани со пакетчиња.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *