Почетна Вести Свет На вселенскиот патријарх Вартоломеј му е вграден стент откако му се слошило за време на престојот во САД
На вселенскиот патријарх Вартоломеј му е вграден стент откако му се слошило за време на престојот во САД

На вселенскиот патријарх Вартоломеј му е вграден стент откако му се слошило за време на престојот во САД

200
0

На вселенскиот патријарх Вартоломеј му е ставен стент во болницата „Маунт Синај“ во Њујорк, откако се почувствувал лошо за време на неговата посета на САД, пренесоа француските медиуми.

Вселенскиот патријарх беше отпуштен откако ноќта ја мина во болница на Менхетен, се наведува во соопштението на Грчката православна црква во кое се нагласува дека поставувањето стент е вообичаена процедура која има за цел да го врати протокот на крв во срцето во затнатите артерии.

Пред медицинската интервенција вселенскиот патријарх, според програмата на неговата посета, се сретна со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Ерик Адамс.

Ова беше второ заминување во болница на Вартоломеј за време на неговата посета на САД, бидејќи првично беше примен во болница во Вашингтон, откако се почувствувал лошо по долгиот прекуокеански лет. Неколку часа откако беше пуштен од болницата во Вашингтон, на 25 октомври, Вартоломеј се сретна со претседателот Џо Бајден во Белата куќа.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *