Почетна Вести На Велики петок ИСИЛ ќе распне свештеник на крст?
На Велики петок ИСИЛ ќе распне свештеник на крст?

На Велики петок ИСИЛ ќе распне свештеник на крст?

758
0

Христијанскиот свет стравува дека утре, на Велики Петок, припадници на ИСИЛ најверојатно ќе го распнат на крст киднапираниот свештеник на Католичката Црква, Отец Том кој исчезна по нападот на еден старечки дом во Јемен.

За веродостојноста на веста нема никаква потврда, но католичките медиуми ја пренесуваат како стравување, повикувајќи се на информации од црковната заедница на која и припаѓа овој свештеник.

Официјално никој не знае каде се наоѓа Отец Том, откако на 4 март припадници на ИСИЛ упаднаа во старечкиот дом и убија 16 лица, а меѓу нив и четири монахињи од сестринскиот ред на Мајка Тереза.

Убиените калугерки во нападот
Убиените калугерки во нападот

Досега никој не ја презеде одговорноста за исчезнувањето на Отец Том. Според информациите кои се шират на социјалните мрежи на монашкото сестринство, свештеникот наводно бил брутално измачуван и тој официјално ќе биде ликвидиран на Велики Петок со распнување на крст.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *