Почетна Вести На српските владици им се погоди Крит, немаат намера да се враќаат во Белград
На српските владици им се погоди Крит, немаат намера да се враќаат во Белград

На српските владици им се погоди Крит, немаат намера да се враќаат во Белград

337
0

Српската православна црква веќе втор ден учествува на Соборот на Крит иако пред да замине најави дека ако не се прифатат нивните предлози за негово одложување и третирање како подготвителна конференција тие ќе ја напуштата неговата работа.

2И покрај тоа што од првиот ден стана сосема јасно дека оваа средба на Крит ќе биде третирана како што и беше најавена, како Свети и Голем Собор, а по изјавите на Патријархот Вартоломеј и јасно дека заклучоците ќе бидат обврзувачки за сите помесни цркви, делегацијата на СПЦ останува на Крит.

Грчкиот инмтернет сајт, „Ромфеа“ објавува дека СПЦ нема намера да го напушти Соборот со кој претседава Патријархот Вартоломеј.

„Ромфеа“ информацијата ја поткрепува со изјава на анонимен владика, но не прецизирјќи од која црква тој доаѓа.

“Ние сме задоволни со тоа како тече работата на Светиот Собор, така што не постои каква било причина за повлекување на српската црква, изјавил еден владика за „Ромфеа“.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *