Почетна Вести Регион На Соборот на СПЦ нема да дојдат сите владици
На Соборот на СПЦ нема да дојдат сите владици

На Соборот на СПЦ нема да дојдат сите владици

263
0

Изборниот Собор на СПЦ почнува денеска во 12 часот и за прв пат ќе се одржи во криптата на храмот Свети Сава во Белград.

Пред почетокот во 9 часот наутро ќе се одржи Литургија за призив на Светиот Дух, вообичаена пракса пред секој Собор.

Но, на овој Собор нема да присуствуваат сите владици, иако најголем дел од нив веќе пристигнале во Белград.

На Соборот поради корона мерките нема да дојде Австралиско-новозеландскиот епископ Силуан, како и Западно европскиот епископ Лука, поради лоша здравствена сосотојба. Неизвесно е дали во Белград ќе допатува и Врањскиот епископ Пахомије, кој неодамна беше позитивен на Ковид 19. Изненадно вчера итно бил хоспитализиран и Шабачкиот епископ Лаврентиј, кој требаше да претседава со Соборот.

Од СПЦ велат дека главната причина проади која за прв пат се организира еден изборен Собор надвор од Патријаршијата е поради Пандемијата, со цел да се обезбеди поголем простор поради мерките за заштита.

34 Владици на СПЦ ги исполнуваат условите за избор, а за нив ќе гласаат 43 Ариехреи. Кандидат за патријарх може да биде оној кој има најмалку пет години епархиска служба

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *