Почетна Анализа На различни колисеци, Јероним кон Москва, Вартоломеј не се откажува од Запад
На различни колисеци, Јероним кон Москва, Вартоломеј не се откажува од Запад

На различни колисеци, Јероним кон Москва, Вартоломеј не се откажува од Запад

202
0

Грчкиот архиепископ Јероним се повеќе се доближува до Руската православна црква, а вселенскиот патријарх Вартоломеј и натаму силно кокетира со прозападните украински државни и црковни структури, кои сакаат да создадат автокефална Украинска православна црква, пишува дневниот весник „Дневник“. Во анализата посветена на меѓусебните релации „Дневник“ пишува дека ова е ново оддалечување на двајцата православни поглавари, етнички Грци, откако претходно дојдоа во судир за надлежноста врз епархиите во Егејска Македонија и за отворањето на претставништвото на Вселенската патријаршија во Атина.

„Јадрото на разидувањето сега е односот кон украинскиот црковен конфликт, за кој е познато дека постојат две паралелни црковни структури: УПЦ – Московски патријархат, која е автономна црква во рамките на Руската православна црква, и УПЦ-Kиевски патријархат, која е непризнаена како самостојна црква.

ieronimos-putinПрво вселенскиот патријарх се сретна со украинскиот претседател Петро Порошенко, кој во име на својата земја ја побарал поддршката на патријархот Вартоломеј за создавање автокефална црква.

– Тоа е очекувањето на украинскиот народ, кој сака автокефална црква на Украина. Зборувавме за иднината на нашата земја, за мирот – рече украинскиот претседател по средбата. Ставот на вселенскиот патријарх бил дека „ќе се моли за мир и единство во Украина, Европа и во целиот свет“.

– Цариградската црква е црква-мајка на украинскиот народ – потенцирал патријархот. Ваквиот став веднаш предизвикал и реакција на Руската православна црква, која го предупреди патријархот да не се меша во црковните работи на Украина.

– Постигнувањето на црковното единство е можно само врз база на придржување на црковните канони, а не преку создавањето некоја нова единствена црква што ја предлагаат одредени политички сили. Единствена црква во Украина веќе постои, а тоа е онаа црква на чие чело е митрополит Онуфриј – изјави Николај Балашов, заменик- претседател во Одделот за надворешни црковни врски на РПЦ.

Тој го потсети цариградскиот достоинственик дека на последната средба пред сеправославниот собор ветил оти ќе го признае митрополит Онуфриј.“ пишува „дневник“ во анализата, потсетувајќи на одржаната средбата меѓу грчкиот архиепископ Ероним и украински митрополит Онуфриј неодамна во Атина.

При ова, духовниот лидер на ГПЦ ја изразил „категоричната поддршка на украинскиот народ и на митрополит Онуфриј“. Ваква поддршка следува по истата што на прорускиот поглавар претходно му ја дале и бугарскиот патријарх Неофит и српскиот Иринеј.

Судирите меѓу црковните Атина и Цариград свој корен имаат во тивката војна што се води меѓу Руската православна црква и Вселенската патријаршија за приматот во православието. Подобро кажано, во заднина на меѓуцрковниот судир за црковните конфликти во Украина, е судирот на руско-американски влијанија за тие прашања. Во дел од православните цркви вселенскиот патријарх се доживува како личност и достоинственик близок на политиката и на интересите на САД. Поради тоа, Руската православна црква с` посилно и категорично сака да ги попречи обидите на патријархот Вартоломеј за негово што поголемо влијание во Украина како и меѓу православните цркви, пишува „Дневник“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *