Почетна Вести Христијанство На манастирот на Пресвета Богородица-Пречиста и е вратена голема светиња украдена пред четири години
На манастирот на Пресвета Богородица-Пречиста и е вратена голема светиња украдена пред четири години

На манастирот на Пресвета Богородица-Пречиста и е вратена голема светиња украдена пред четири години

330
0

Голема светиња, која му припаѓала на манастирот на Пресвета Богородица-Пречиста во Кичево, предадена му е на игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј.

– Браќата Жарко и Зоран Шурдоски, по потекло од село Ложани, Струшко, го предадоа на отец Партениј сребреното ковчеже со мошти од Света Параскева, како и три сребрени престолни крста, кои што биле украдени од манастирот на Пресвета Богородица – Пречиста, Кичево, на 11 декември 2014 година. Светињите дошле до рацете на браќата според Божја промисла а тие ги донесоа во нашиот манастир, вели отец Кирил.

Според него, крадецот кој бил уапсен од полицијата следниот ден, бегајќи од рацете на законот и сакајќи да ги отстрани доказите за сторената кражба, го фрлил ранецот со светињите во река.

– Рибарот ранецот го извадил од водата и кога сфатил дека станува збор за големи светињи, тој се погрижил да ги спаси и сочува во својот дом. Но, повторно по Божја промисла, неодамна овој човек им ги предал работите на двајцата браќа, кои, од своја страна, финансиски го потпомогнале неговото сиромашно семејство. Веднаш штом ковчежето и крстовите се нашле во рацете на Шурдовски, тие побрзале да му ги предадат на нашиот старец и игумен, познавајќи ја неговата грижа за христијанските светињи, посочува отец Кирил.

Дополнителен мотив на браќата за ова благородно дело, нагласува тој,  било и тоа што пред неколку години, Жарко, кој живее и работи во САД, имал страшна сообраќајна незгода, но по чудо на Света Параскева, чија што икона ја носел со себе, поминал без никаква повреда.

Ковчежето со моштите и крстовите ќе бидат вратени во Обителта на Богомајката-Пречиста, а потоа и реставрирани.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *