Почетна На иста страна На иста страна: Што и како може да работи една жена?
На иста страна: Што и како може да работи една жена?

На иста страна: Што и како може да работи една жена?

330
0

Пејачката Мијата ја отвори кабината во Контролата на летање на скопскиот аеродром за екипата на емисијата На иста страна, проект финасиран од УСАИД, кој секоја недела во 11 часот се емитува на Телевизија Сител.

Таа покажа дека една жена може да биде успешен контролор на летање, односно да се грижи за безбедноста и контролата на летање во авионскиот сообраќај, да има музичка кариера и да биде мајка и сопруга. Зборуваше и за најчестите предрасуди и стереотипи кои се присутни во јавноста, а се поврзани и со професиите на жените.

Покрај неа, стетеотипите за успешна жена возач ги рушеа Марија Цветковска-Џипче и Макфире Шакири-Маки, едната Македонка, другата Албанка, но и двете секојдневно професионално управуваат со автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Приказната за успешните жени успешно ја надополни и првата жена дипломиран оџачар, која покажа како на терен може да се справи со сите тешкотии кои ја карактеризираат оџачарската работа.

Специфична карактеристика на токму оваа емисија од серијалот На иста страна е што се снимени позитивни примери на успешни жени, припаднички на различни етнички или верски припадности.

Авторот на емисијата, водителот Марјан Николовски вели дека идејата на емисијата е да се добие една позитивна слика во македонското општество за рамноправноста на половите низ призмата на професиите.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *