Почетна На иста страна „На Иста Страна“ наградена од Советот за етика во медиумите

„На Иста Страна“ наградена од Советот за етика во медиумите

256
0

Емисијата посветена на пристапот на лицата со попреченост до верските храмови и верската литература, од серијалот „На Иста Страна“ што се емитува на ТВ Сител ја доби третата награда од Советот за етика во медиумите, на конкурсот за најдобри новинарски стории од сферата на општествено – социјалниот живот, со фокус на унапредувањето на човековите права и промовирањето на правата на социјално ранливите и маргинализирани групи.

-Емисијата „На иста страна“ обработува тема која досега воопшто не била или била симболично третирана во медиумите и со тоа внесува нова свежина во новинарството, промовирајќи го концептот за инклузија и интеграција на ранливите и маргинализирани групи од еден поинаков, во случајов религиозен аспект, стои во извештајот на жири комисијата за доделување на награда.

На конкурсот на СЕММ, поддржан од Европската Унија, наградени беа и новинарите, Ирена Мучка од Фокус, Никола Здравковиќ од „360“ на Ал сат Телевизија и Мирјана Мирчевска од Канал 5 Телевизија.

Наградите ги додели евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Погледнете ја целата емисија од серијалот „На Иста Страна“

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *