Почетна Вести На грчките свештеници во САД им е забрането да наплатуваат крштевки, венчавки и опела
На грчките свештеници во САД им е забрането да наплатуваат крштевки, венчавки и опела

На грчките свештеници во САД им е забрането да наплатуваат крштевки, венчавки и опела

279
0

На грчките свештеници кои работат во САД им забраниле да наплатуваат за венчавки, крштевки и опела, а од семејствата кои ги повикале смеат да земат само симболичен износ. Грчките свештеници ќе примаат плата од државата чија висина ќе зависи од нивната старост, објавила верската информативна заедница.

grcka-crkva-sadВо Атина биле соопштени и платите на грчите свештеници во САД кои секоја година се ускладуваат со инфлацијата. Грчката црква во САД, Канада и Јужна Америка има 12 митрополити за околу 600 000 верници. Во нејзиниот состав се и автономните епархии на Украина и Русија што ја прави најголемата православна црква на американскиот континент. Таму, свештенк почетник зема плата од околу 50 000 долари, а оние со поголем стаж земаат месечна плата и до 120 000 долари.

Има случаи и со далеку поголеми примања, како грчките свештеници во Њујорк кои земаат околу 200 000 долари плата. Освен плата, таму свештениците имаат и службени автомобили, разни доплати за посетување на конференции како и службени станови.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *