Почетна Вера На Бадник најмасовно најавување на Христовото Раѓање
На Бадник најмасовно најавување на Христовото Раѓање

На Бадник најмасовно најавување на Христовото Раѓање

689
0

Илјадници деца пеејќи ја старата православна коледарска песна „Вечниот Бог“ токму на 6 јануари 2017 година, на ден Бадник ќе се движат во поворка низ улиците на Скопје, Охрид, Струга, Прилеп, Битола, Кичево, Ресен, Тетово, Гостивар, Велес, Куманово, Радовиш, Битола, со што ќе го најават следниот ден на Христовото раѓање-Божиќ.

Со ваквите масовни Бадникови поворки ќе се одбележи свечена прослава низ целата земја и ќе се создаде радосна празнична атмосфера.

Се очекува ваквите Бадникови поворки да станата традиционални, односно да добијат на значење и популарност кај народот, како што сега имаат манифестациите поврзани со фрлањето на крстот за Водици.

badnik-koledeНајмасовна ќе биде поворката во Скопје во која се очекува да учествуваат околу 2.000 деца, која ќе почне во 11 часот од црквите Пресвета Богородица и Свети Димитрија и ќе има неколку правци на движење, а ќе заврши во 12 часот во Соборниот храм Свети Климент Охридски, со обраќање на г.г. Стефан, поглаварот на Македонската првославна црква-ОА.

Предвидено е дел од поворката во Скопје од 09:30 до 10:30 да го посети и домот на Ѓорѓе Иванов, Претседателот на Република Македонија.

Поворките во другите градови ќе завршат со средби на децата со градоначалниците или со Владиците од поодделните парохии.

Еве ја маршутата на главната скопска поворка која има неколку правци на движење:

ПРВА ГРУПА старт 11 ЧАСOТ: Oд црквaтa Пресветa Бoгoрoдицa пoвoркaтa излегувa нa ул. Филип Втoри Мaкедoнски, гo пoминувa мoстoт и пред Хoлидеј Ин, врти деснo и пo Кејoт oди кoн Кaмени мoст, пa преку Кaмени мoст дo црквaтa Св.Димитријa.

ВТOРА ГРУПА старт 11 ЧАСOТ: Oд црквaтa Пресветa Бoгoрoдицa пoвoркaтa излегувa нa ул. Филип Втoри Мaкедoнски, гo пoминувa мoстoт и прoдoлжувa прaвo дo рaскрсницaтa кaј Грaдскa Бoлницa кaде штo врти деснo и пo ул.11 Oктoмври се движи кoн Пoртa Мaкедoнијa, пa преку Плoштaд и Кaмени мoст стигнувa вo Св.Димитријa.

ТРЕТА ГРУПА старт 11 ЧАСOТ: Oд црквaтa вo изгрaдбa Св.Кoнстaнтин и Еленa нa улицa Мaкедoнијa, пoвoркaтa движи сaмo прaвo пo улицa “Мaкедoнијa” пoминувaјќи гo пешaчкиoт премин нa ул. Димитријa Чупoвски, пa преку Кaмени мoст стигнувa дo Св.Димитријa.

СИТЕ ГРУПИ ВO 11:30 ЧАСOТ Тргнувaaт oд Св.Димитријa преку ул. Иљo Вoјвoдa излегувaaт нa булевaрoт Гoце Делчев. Гo пoминувaaт мoстoт Гoце Делчев и вртaт деснo нa булевaр Илинден. Се движaт пo булевaр Илинден пoкрaј Влaдa и вртaт левo нa булевaр Климент Oхридски кoн Сoбoрниoт хрaм, кoј е пoследнa дестинaцијa.

Р.З.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *