Почетна Вести На аџилак во Мека со електронска нараквица и GPS
На аџилак во Мека со електронска нараквица и GPS

На аџилак во Мека со електронска нараквица и GPS

118
0

Саудиска Арабија најави воведување на електронски идентификациски нараквици за сите верници кои ќе дојдат на аџилак во Мека, како дел од безбедносните мерки.

mekaЕлектронската нараквица треба да содржи лични и медицински податоци за лицето што ја носи, со цел да им се помогне на верниците во итни случаи, објави државната саудиска агенција СПА.

Уредот ќе биде отпорен на вода и поврзан со ГПС, а на верниците ќе им овозможи приказ на времето за молитва со помош на неколку јазици, со цел подобро д асе снајдат оние кои не зборуваат арапски.

Секоја година, милиони муслимани патуваат во Мека и Медина, светите места на Исламот, кои се наоѓаат во Саудиска Арабија.

Минатата година 769 верници загинаа во метежот, како што објавија саудиските власти, кога илјадници верници се судриле меѓу себе. Најголем број од жртвите беа Иранци

Со цел да се подобри безбедноста околу илјада камери беа поставени во Големата Џамија во Мека .

Помеѓу два и три милиони верници секоја година учествуваат во аџилакот секоја година и речиси секоја година има жртви.

/АЛ ЏЕЗЕИРА БАЛКАНС

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *