Почетна Вести На 10 септември осветување на црквата Свети Кирил и Методиј во Велес

На 10 септември осветување на црквата Свети Кирил и Методиј во Велес

796
0

Македонската православна црква, на 10 септември ќе ја освети новоизградениот храм посветен на Светите Кирил и Методиј во Велес.

Претходниот ден на 9-ти, ќе биде отслужена Вечерна богослужба.

Соборната црква „Свети Кирил и Методиј“, која се наоѓа во центарот на Велес и е дел од  Повардарската епархија почна да се гради во 2006 година.

Се наоѓа во строгиот центар на градот, веднаш до гимназијата „Кочо Рацин“ во Младинскиот парк.

Според изгледот црквата е изградена по примерот на црквата „Света Богородица“ во с. Калишта, Струшко, со површина од 500 м².

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *