Почетна Вести Муслиманските од Пазарџик ќе кренат бунт во одбрана на бурките
Муслиманските од Пазарџик ќе кренат бунт во одбрана на бурките

Муслиманските од Пазарџик ќе кренат бунт во одбрана на бурките

213
0

burkaМуслиманките од бугарската општина Пазарџик се подготвени на бунт, ако им биде забрането носење бурки.

„Ние носиме бурка, зашто Господ така сака. На никој не му пречи. Зошто не велат на поп да ја фрли облеката? Веќе претеруваат“- вели муслиманка од Пазарџик, која од 3 години е целосно покриена.

Во времето на социјализмот населбата Исток беше целосно ромско маало. Со текот на годините, станува муслимански кварт. Повеќето од мажите таму одат со долги бради, а голем дел од жените со бурка.

Неодамна главниот обвинител, Сотир Цацаров се изјасни против носењето на бурка во училиште и на јавни места. До ескалација на темата дојде пред неколку дена, кога во Пазарџик имаше  проповедање за радикален ислам и исповедање на разбирањата на Исламска држава.

И лидерот на ВМРО, Красимир Каракачанов исто така се изјасни против носењето на бурка.

„Прво, Бугарија е секуларна држава. И второ,  она ​​што го гледате не е манифестација на некакви религиозни чувства, туку е резултат на една  политика “- рече тој.

Тој додава дека во ова маало живеат неуки луѓе, на кои е лесно да им се „испере“ мозокот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *