Почетна Вести Муслиманската заедница одбива да го погреба убиецот на францускиот свештеник
Муслиманската заедница одбива да го погреба убиецот на францускиот свештеник

Муслиманската заедница одбива да го погреба убиецот на францускиот свештеник

105
0

Муслиманската заедница во Сен Етјен ди Рувре во Франција, каде што двајца џихадисти-тинејџери пред две недели му го пресекоа гркланот на еден 80-годишен католички свештеник, одбива да погреба еден од напаѓачите, тврдејќи дека тој го извалкал исламот, пренесуваат француските медиуми.

Francija crkva 3Французинот со алжирско потекло, Адел Kермиш (19), кој го уби свештеникот Жак Амел и тешко рани еден постар верник, живеел во Сен Етјен ди Рувре и во 2015 година се обидел да и се приклучи на Исламска држава во Сирија, пренесува „Раша тудеј“.

– Ние не сакаме да го валкаме исламот со таа личност. Не сакаме да учествуваме во подготовките на телото за погреб, ниту во погребот – изјавил за „Паризиен” локалниот имам Мохамед Kарабила.

Еден од муслиманските верници, Kалид ел Амрани, ја поддржал одлуката на локалната џамија и додал дека одбивањето да се погреба терорист е нормално.

– Тоа што го стори тој млад човек е грев. Тој веќе не е дел од нашата заедница – изјави Ел Амрани, 25-годишен инженер.

Сега локалните власти треба да одлучат како и каде ќе биде погребан Kермиш.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *