Почетна Вести Муслиманите во Исланд постат дури 22 часа
Муслиманите во  Исланд постат дури 22 часа

Муслиманите во Исланд постат дури 22 часа

84
0

Муслиманите кои живеат во Исланд држат најдолг пост во месецот на Рамазан, или околу 22 часа.

Ифтар вечерата во оваа земја, каде што живеат околу 1.500 муслимани, е речиси на полноќ. Времето на имсакот е околу 2 часот по локално време.

Џамиите во главниот град на земјата, Рејкјавик, со започнувањето на месецот на постот Рамазан, се претвораат во места каде што се организираат ифтари.

Верниците кои за ифтар се собираат во Исландската исламска фондација, која се користи и како џамија, по повикот за молитва во 23:48 часот пијат вода, а веднаш потоа следува вечерната молитва, пренедува агенцијата „Анадолу“.

По завршувањето на молитвата, верниците преминуваат на ифтарската софра што заедно ја подготвиле. Муслиманите од различни земји, оние кои со години живеат во Исланд како и новодојдените бегалци, заедно јадат ифтар.

Исланд е една од земјите каде што живеат најмалку муслимани. Тоа е земја со 330.000 жители, а 0,5 отсто од жителите се муслимани, односно 1.500 лица.

Мнозинството од муслиманите кои живеат во земјата се бегалци.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *