Почетна Вести Ислам Муслиманите вечерва ја ноќта „Лејлетул кадр“
Муслиманите вечерва ја ноќта „Лејлетул кадр“

Муслиманите вечерва ја ноќта „Лејлетул кадр“

408
0

Муслиманите во светот вечерва ја одбележуваат Лејлетул кадр (Ноќта на кадрот), најодбраната ноќ во годината, а во оваа пригода, претседателот на Управата за верски прашања на Турција, Али Ербаш, испрати честитки до целиот исламски свет, јавува Anadolu Agency (AA).

„Го молам, Алах да ги слушне вечерашниве молитви, да го зајакне единството и братството на исламскиот свет и да подари мир и спокојство за човештвото“, се вели во пораката на Ербаш.

Тој изрази задоволство од што муслиманите го слават избраниот месец Рамазан и ја дочекуваат Ноќта на кадрот, како највредна ноќ за која и во Куранот се наведува дека е повредна од илјада месеци.

Укажувајќи дека токму во таа ноќ започнало објавувањето на Куранот, Ербаш соопшти дека најголемата задача и обврска на сите верници е на најдобар начин да го учат и разберат Куранот, и на најдобар начин да живеат според неговите норми и приоритети.

„Алаховата милост се спушта на местата на кои се живее според Куранот, и тоа ќе бидат места на спасот. Животот со Куранот ни носи благосостојба, мир и спокојство“, рече Ербаш во пораката и ги повика сите муслимани во претстојната ноќ да ги преиспитаат своите постапки и да ги усогласат со Куранот и сунетот.

Ноќта на кадрот е ноќ која се наоѓа во последната третина од Рамазан, најодбраниот месец во исламскиот календар.

Тогаш мнозинството верници ноќите ги поминуваат во молитва, но исто така и во итикаф, со постојан престој во џамиите и со молитва, следејќи го примерот на последниот Божји пратеник Мухамед, кој и самиот на ист начин ја поминал последната третина од месецот Рамазан.

Хадисите на пратеникот Мухамед јасно укажуваат дека ноќта Лејлетул кадр е скриена во последната третина од месецот Рамазан и тоа во непарните ноќи, чии вредности се многубројни и повеќезначајни.

Оваа ноќ е особено значајна, бидејќи во неа започна објавувањето на Куранот во кој е опишана вистинската вредност на оваа ноќ: „Ние почнавме да го објавуваме во ноќта Кадр, што мислиш, што е ноќта Кадр? Ноќта Кадр е подобра од илјада месеци, од мелеците (ангелите) и Џибрил (Гаврил), со дозвола на Господарот свој, се спуштаат во неа поради секоја одлука, безбедноста е во неа сè додека не осамне утрото.“ (Куран; Ал-Кадр 1-5)

Се пренесува дека Мухамед рекол дека ноќта Кадр е „ведра и блага ноќ, ниту топла ниту ладна, а во нејзиното утро сонцето излегува слабо и румено“, со цел верниците подобро да ја препознаат, а сè до зората од небото да не падне ниту една ѕвезда.

Во таа ноќ верниците упатуваат искрени молитви, желби, надежи и бараат прошка од Семоќниот Бог, бидејќи хадисите пренесуваат дека „оној кој ноќта Кадр ќе ја помине во молитва, ќе му бидат простени претходните гревови“ и под чие крило е „спасот, сè додека не осамне зората.“ Се пренесува дека во таа ноќ ангелите слегуваат во голем број, така што нивниот број го надминува бројот на камчиња на Земјата.

Ноќта Кадр, односно Ноќта на одредбите (Арапски: кадр) е наречена така, бидејќи се верува дека во оваа ноќ се утврдуваат и запишуваат одредбите на сите Божји созданија за наредната година.

/А.А

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *