Почетна Вера Муслиманите утре го слават Курбан Бајрам
Муслиманите утре го слават Курбан Бајрам

Муслиманите утре го слават Курбан Бајрам

180
0

Муслиманите од целиот свет утре го слават Курбан Бајрам, еден од најголемите муслимански празници. Годинава, како ретко кога, Турција и Саудиска Арабија ги усогласија календарските празнувања и објавија дека годинава Курбан Бајрам е на 12 септември.

kurbanМакедонската исламска верска заедница, која се води според календарот на Турскиот Дијанет уште на почетокот на годината најави дека Курбан Бајрам паѓа на 12 септември.

Централната прослава за Куран Бајрам ќе биде во Скопје, во Мустафа пашината џамија. Утринската молитва почнува утре наутро пред изгрејсонце во 5 часот и 35 минути. Бајрам намазот е во 6 часот и 50 минути.

Инаку овој празник уште се нарекува и празник на жртвата, затоа што тогаш се принесува жртва, курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат во Мека.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *