Почетна Политичка теологија Муслиманите може да станат втора најголема религиозна група во САД до 2040 година
Муслиманите може да станат втора најголема религиозна група во САД до 2040 година

Муслиманите може да станат втора најголема религиозна група во САД до 2040 година

225
0

Муслиманите во САД не се толку бројни, но до 2040 можат да ги заменат Евреите како втора најголема група во нацијата по христијаните, проценува Центарот за истражување на „Пју“.

Неодамнешните политички дебати околу муслиманските имиграции и поврзаните прашања доведоа до тоа многу луѓе да прашаат колку муслимани всушност живеат во САД, пишува во анализата на „Пју’. Одговор не е лесен, делумно поради тоа што Бирото за попис на населението на САД не поставува прашања за религијата, така што нема официјален број на муслимани во САД.

На почетокот на 2017 година, „Пју Ресрч“ објави дека Евреите учествуваат со околу 2 проценти од возрасната популација во САД.

Во моментов тие се втора најголема религиозна група.

„Пју“ предвидува дека до 2050 година, американското муслиманско население ќе проектира раст од 8,1 милиони или 2,1 отсто од сите Американци, што е речиси двојно повеќе од денес.

Проекциите на „Пју“ покажуваат дека муслиманското население во САД ќе расте многу побрзо од еврејското население во земјата.

Муслиманите не се рамномерно распоредени низ САД. Некои области на метрополите, како Вашингтон, имаат значителни муслимански заедници. Сличен е процентот и кај одредени други држави, како што е Њу Џерси.

Првата студија на „Пју“ за муслиманите во Америка во 2007 година направи  проценка дека имало 2,35 милиони муслимани од сите возрасти (вклучувајќи и 1,5 милиони возрасни лица) во САД.

До 2011 година, бројот на муслиманите пораснал на 2,75 милиони (вклучувајќи 1,8 милиони возрасни).

Од тој датум, муслиманското население продолжува да расте со стапка од околу 100.000 годишно.

Истражувачкиот центар Пју во 2016 година  процени дека во 2015 година имало околу 3,3 милиони муслимани од сите возрасти кои живеат во САД. Ова значи дека муслиманите сочинувале околу 1% од вкупното население во САД.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *