Почетна Вера ИВЗ Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
0

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

263
0

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават Фитер Бајрам, празникот на солидарноста. По 29 – дневниот пост во кој се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, муслиманите утрово го започна тридневното одбележување на еден од нивнините најголеми празници.

За разлика од останатите денови, на Рамазан Бајрам, во сите џамии, рано изутрина се одржува Бајрам Намаз молитва, со која се посакува здравје мир и благосостојба. по завршување на молитвата верниците си одат дома каде што ги чека семејна трпеаза за заеднички појадок и честитање на светиот празник Ифтер Бајрам.

Во текот на денот се оди на гости кај блиски роднини, комшии и пријатели, со кои се разменуваат честитки. На бајрамската трпеза освен омиленото јадење, традиционален десерт без кој не поминува денот е баклавата.

Се посветува внимание и на најсиромашните и болните, на кои што им се делат подароци, со што на дело се покажува солидарноста која што го симболизира празникот.

Рамазан Бајрам како еден од најсветите празници за муслиманите е прогласен за државен поразник во нашата земја и е неработен ден за сите граѓани.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *