Почетна Вера ИВЗ Муслиманите го слават Курбан-бајрам
Муслиманите го слават Курбан-бајрам
0

Муслиманите го слават Курбан-бајрам

27
0

Верниците од исламска вероисповед го слават празникот Курбан-бајрам.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња.

Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините.

Курбан-бајрам трае седум дена, а прославата започнува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр-бајрам и го обележува денот кога е комплетиран светиот Куран.

Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *