Почетна Вести Свет Муслимани собраа 200.000 долари за Евреите кои настрадаа во масакрот во Питсбург
Муслимани собраа 200.000 долари за Евреите кои настрадаа во масакрот во Питсбург

Муслимани собраа 200.000 долари за Евреите кои настрадаа во масакрот во Питсбург

98
0

Две муслимански организации собраа 200.000 долари за да им помогнат на жртвите на масовниот масакр што се случи во саботата во синагогата „Дрво на животот“ во Питсбург.

Активистот од Чикаго Тарек ел-Месиди рече дека за масакрот дознал од пријател кој ја води хуманитарната страница LaunchGood за собирање средства за муслимани на кои им треба помош. Пријателот го прашал дали може да направи нешто за да им помогне на жртвите и тој се согласил.

За два часа била креирана онлајн кампања што ја поддржаа муслиманските групи CelebrateMercy и MPower Change. Првичната цел била да се соберат 25.000 долари, но таа била надмината за само неколку часа.

Ова не е прв пат овие организации да им помагаат на Евреи. Лани собраа 136.000 за поправка на еврејски споменик што беше вандализиран во Сент Луис, Луизијана.

„Ги оставаме на страна нашите верски и политички разлики и се враќаме на нашето заедничко јадро, а тоа е човечноста. Сакавме да помогнеме како луѓе“, вели Ел-Месиди.

Убиството на 11 верници во синагогата во Питсбург го изврши Роберт Бауерс кој на полицијата ѝ рекол дека посакува да умрат сите Евреи.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *