Почетна На иста страна Муслиман ги собра сите „лајкови“ за Божик
Муслиман ги собра сите „лајкови“ за Божик

Муслиман ги собра сите „лајкови“ за Божик

539
1

Еден сопственик на ресторан одлучил да направи нешто на Божиќ и за тоа целиот интернет зборува – но во позитивна смисла.

Наместо да го затвори својот ресторан или да ги зголеми цените на јадењата за време на божиќните празници, сопственикот на ресторанот во Лондон, Хасан Масуд, одлучил да направи нешто неверојатно.

Тој својот турски ресторан го оставил отворен за празникот и на вратата ставил знак:

“Бесплатно – Никој не јаде сам за Божиќ! Тука сме за да седиме со вас! Оброк од три дела за бездомниците помеѓу 12 и 18 часот. Бездомниците и постарите се добродојдени!”

И покрај тоа што тој не го празнува Божиќ, сакал да се погрижи за оние кои го празнуваат, тоа да го направат на вистински начин, секој да има друштво и да добие оброк. Кратко време откако го поставил знакот, луѓето почнале да го забележуваат. Знакот набрзо е споделен на интернет, и повеќе од милион луѓе притиснале “LIKE”.

За Buzzfeed News, Хасан изјавил дека сака да ја направи вистинската работа за да им помогне на луѓето на кои помошта им е најпотребна.

“Ние само им помагаме на луѓето… голем број на луѓе остануваат сами за Божиќ… Тоа немора да биде така. Може да дојдат тука и да се забавуваат”.

Коментар(1)

  1. BRAVO,BRAVO,BRAVO.Golem covek,lekcija za site”golemi”politicari i velikodostojnici koi funkcioniraat na poznatata- razdeli pa vladej.Ja vrakja verbata vo covekot

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *