Почетна На иста страна Мултиетничко чествување на Бадник во СОУ „Перо Наков“ (фото)
Мултиетничко чествување на Бадник во СОУ „Перо Наков“ (фото)

Мултиетничко чествување на Бадник во СОУ „Перо Наков“ (фото)

134
0

Средното општинско училиште „Перо Наков“ денеска беше домаќин на заедничката прослава на Бадник и Божиќ на учениците Македонци и Албанци, под мотото „Празниците зближуваат“.

Прославата е во рамките на проектот „Безбедни училишта“ во соработка со Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово и ОБСЕ, а истиот се одбележува од 2012 година.

kumanoИмаме огромна чест да бидеме домаќини на прославата на Бадник како предвесник на големиот христијанкси празник Божиќ, Христовото раѓање. Во рамките на проектот безбедни училишта во соработка со секторот за внатрешни работи Куманово тука сме сите заедно со богата посна трпеза и драго ни е што имаме многу гости од сите сектори од нашиот општествен живот, и мислам дека ќе биде навистина убаво – изјави Лидија Тасевска, директор на СОУ „Перо Наков“.

kumano-3Како што вели Отец Игор Здравсковски од Кумановско-осоговската епархија, ова е многу важен настан за нашиот мултиетнички град.

kumano-2Секогаш на нашите празници има лице од МПЦ за да се појасни значењето на празникот, и да се испрати порака за мирот, затоа што нашиот Господ, кога дојде таа објава и радост беше за целиот свет. Доколку се соочиме со човек кој различно размислува од нас, различно верува, сепак треба да бидеме во мир со него, да го сака, брани своето, но кога ќе се соочиме со различности не смееме да отвораме војни. Не смее да се зема религијата како причина за војни – порача отец Здравковски.

Инаку заедничкото одбележување на празниците од повеќе националности помага во подобрување на меѓуетничките односи на најмладите во општеството и изградба на мир, љубов и соработка.

/KUMANOVSKIMIABETI.MK

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *