Почетна На иста страна Мултиетничка прослава на Водици во Струга, „Војордание“ испеана и на албански

Мултиетничка прослава на Водици во Струга, „Војордание“ испеана и на албански

1.23K
0

Со пеење на христијански песни на македонски и на албански јазик денеска Струга поинаку од минатите години го празнуваше празникот Водици, односно денот кога во реката Јордан бил крстен Исус Христос. Манифестацијата за фрлање на крстот во водите се организираше на Црни Дрим, а дојде и владина делегација која ја предводеше премиерот Заев, како и градоначалникот Рамиз Мерко.

А, најмасовната манифестација во земјава за празникот се организираше во соседен Охрид. Неколку илјади граѓани од земјава и странство го преполнија градското пристаниште за да го проследат чинот на фрлањето на крстот во водите на езерото чија температура денеска беше само 6 степени. Предизвикот, но и желбата прв да се доплива до крстот, ги прифатија околу 500 капачи.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *