Му бакна рака на Архиепископот и тргна во освојување на Скопје

Date:

Share post:

Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРДО ДПМНЕ за градоначалник  на Скопје, денот по објавување на неговата кандидатура го почна со средба со Архиепископот Стефан, во неговиот кабинет во Архиепископија.

Ѓорѓиевски на Фејсбук напиша дека побарал и добил благослов од поглаварот на МПЦ-ОА, но и мудри совети.

Денес бев на прием кај Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Ми значи неговиот благослов и неговите мудри совети. Со убав збор и добра мисла од денес ја започнувам нашата заедничка патека за Скопје. Како што ви ветив, секој ден ќе сум со вас, во сите населби и маала на терен. Ќе се видам со секој од вас, во секое маало и уличка, секое населено место и од вас, од вашите проблеми ќе ја креираме новата победничка програма со која Скопје ќе го возобновиме. Време е градот што сите го сакаме, да блесне повторно со својот сјај, достоинство и дух. Заедно со вас, чекор по чекор, ќе му го вратиме достоинството на Скопје, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

1 COMMENT

  1. Во Грција тоа го прават и претседателот, премиерот, министрите, градоначалниците, воениот врв, судиите …
    Ова е споредба или непристоен коментар? Зошто, таму можи, ама кај нас не смее, нели?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img