МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

Date:

Share post:

Продолжува експериментот “автокефална МПЦ” што го смисли Руската, а го спроведува Српската црква.

Откако сите цркви, освен иницијаторите, и Бугарската, се изјаснија дека автокефалност нема без Томос од Вселенската патријаршија (романската јасно стави до знаење дека за официјализирање на автокефалноста ќе чека и таков Томос) сега Белград и Москва смислиле друго сценарио за да билдаат наводно признавање на Томосот од СПЦ.

Таква одлука донела Американската православна црква, чија автокефалност освен Руската, не ја признава ниту една друга црква.

Е сега МПЦ ОА и АПЦ ќе сослужувале и ќе се самопризнаеле, откако такво нешто средиле СПЦ и РПЦ. АПЦ вели по предлог на СПЦ, во Вашингтон ќе одел Стефан да сослужува со Тихон.

Внимавајте! За да парадиксот биде уште поголем, автокефалноста на Американската црква не ја признава ниту СПЦ. Порфириј не го споменува Тихон на литургии, но Стефан ќе го споменува. Само за да му се брои дека една црква плус ја признала МПЦ за автокефална. Што е следно, СПЦ ќе среди признавање и од некои од оние ориенталните цркви? Поголемо понижување не може да биде смислено.

Ова значи дека СПЦ ја весе МПЦ ОА директно во судирот Москва-Фанар, односно, поточно, МПЦ ОА и официјално се престрои во рускиот црковен свет, каде што ниту СПЦ не припаѓа во ваква форма, иако тоа го поддржува.

Ова значи дека високиот клир на МПЦ ОА е веќе руска црковна исталација во државата и како таков во иднина треба да се третира. Колку порано државата тоа го осознае, толку помали ќе бидат последиците.

Признавањето на АПЦ за автокефална црква ќе и ги затвори сите врати на МПЦ ОА и на долг рок таа ќе остане повторно изолирана црква, која ризикува да го изгуби и канонскиот статус што сега и го признаваат сите помесни православни цркви, со тоа што дел цркви веројатно ќе почнат да избегнуваат сослужување.

Се ова по некоја година ќе заврши со став на СПЦ: ” Ете пробавме се, ви дадовме Томос, ви признавме автокефалност, но гледате православните цркви не ве сакаат, но ништо страшно, вие сте си автокефални во нашите граници… не ви треба ништо повеќе.”

Затоа МПЦ-ОА може слободно да и се заблагодари на Американската црква за овој гест и да продолжи да се однесува како сериозна и зрела црква.

Пишува: Марјан Николовски

4 COMMENTS

  1. Горенаведениот “осврт” на статусот на Американската Православна Црква содржи неколку очигледно намерно невистинити информации. Пред се’, оваа Помесна Црква којашто во 1970 г. добила автокефален статус од страна на Московската Патријаршија од Чија митрополија во САД и произлегла, е во канонско и евхаристиско единство со сите Православни Цркви (значи нешто како несослужување со Нејзиниот клир од страна на останатите не постои). Нејзиниот статус на автокефалност денес го признаваат Руската, Бугарската, Грузиската, Полската и Православната Црква на чешките земји и Словачка. Останатите Помесни Цркви ја сметаат за самоуправна Црква во рамките на Руската Православна Црква, но таа е далеку од екскомуницирана. Значи, Цариградската, Александриската, Антиохиската, Ерусалимската, Романската, Кипарската, Грчката и Албанската Православна Црква се во потполно канонско и евхаристиско единство со Неа, иако не го признаваат Нејзиниот автокефален статус. Нејзини основачи се Св. Герман Аљаски, Св. Рамноапостолен Инокентиј Аљаски. Нејзиниот водечки теолог, Др. Јован Маендорф, е еден од најплодните, најобразуваните, најпочитуваните и најталентираните православни теолози на 20 век воопшто, а веројатно и највлијателниот (особено во исклучително луцидното реафирмирање на глобален план на поставките и вредностите на исихазмот како суштествен квалитет на православниот монашки подвиг – во револуционерната докторска теза “Св. Григориј Палама и православната мистика”). Првиот американски православен монах, о. Серафим Роуз е духовно чедо на таа Црква со статус на Митрополија (имено Американската Православна Црква) Којашто во горниот напис се обидувате да ја понижите. Првите грчки православни верници, не само мешовитите парохии на многубројни емигранти на американскиот континент, го живееја својот духовен подвиг во пазувите на таа Митрополија (поднтогашното име Камчатска, курилска и алеутска Епархија на Руската Православна Црква), значи во рамките на Грчката православна духовна мисија на Руската Православна Црква, на чие чело стоел грчки архимандрит (колку да знаете колку љубовни и христоцентрични биле односите во дијаспората пред разбојничкиот упад на Мелетиј Метаксакис во бруталниот етнофилетистички зафат на еклисиолошки план за обезбедување нова паства заради загубата на секоја друга постоечка за Цариградската Патријаршија и колку е гротескно да се користи кулоарско перо за дневно политички маркетинг на фанарските интереси во обид за инженеринг над паствата на Македонската Православна Црква, кој се обидувате да го изведете без никаков интегритет и се разбира без успех). Сепак, најпоразителната заблуда на која се обидувате да го наведете македонскиот аудиториум е таа дека македонските архиереи се некои недоносенчиња што висат на расипан телефон (што би подразбирало некаква ароганција од страна на руските архиереи за кои од друга страна тврдите дека се подготвени на се’ за да ги придобијат нашиве за својата кауза). Така се разбира не е и не може да биде. Сведоштвата и на едните и на другите секогаш боруваат погласно и повистинито од вашите тврдења.

  2. Поштована/и Ангелина!

    Ценим Вашу искрену жељу и труд да уреднику овог сајта укажете на неке грешке, често кардиналне, када за тим постоји потреба. Ипак, у Вашем излагању гледе Америчке Православне Цркве поткрала се једна грешка, вероватно ненамерно. Наиме, о. Серафима Роуз (природан лику Светих од стране Грузијске ПЦ) је за живота био и остао веран Руској Заграничној Цркви у Америци и свом духовном оцу Св. Владики Јовану Шангајском). Упокојио се као клирик Руске Заграничне Цркве, у манастиру Платина, чији је један од оснивача. Тај манастир је тренутно под управом Западно-америчке епархије СПЦ. Надам се да ћете ове редове схватити као братску исправку Вашег иначе одличног запажања. Срдачан поздрав до Вас!

  3. А бе на какви све не глупости се троши енергија Болно навистина И после овој духовник оној духовник А бе ајде кој духовник Живееме последни времиња и шанса за воскресна победа на Вистината Да ја зграпчиме шансата и љубоморно да ја чуваме сѐ додека го одиме Патот на Животот

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...