По пет дена, откако реагираа дел медиуми, меѓу кои и религија.мк, МПЦ-ОА ја поправи скандалозната грешка од посланието на Архиепископот Стефан за Илинден.
Наместо 1941, како година за вториот Илинден – АСНОМ, сега во текстот од посланието е напишана вистинската година 1944. Грешката е поправена и во текстот на црковниот портал Литургија.мк.
Но, како и што предвиде религија.мк, најголем дел од свештениците на МПЦ-ОА, вчера по литургијата за Илинден го читале грешното послание. Над десетина реакции од верници кои биле на литургиите прстигнаа во редакцијата на Религија.мк. Голем дел од нив ја забележале грешката, но немаа информација за што станува збор.
Дополнително, тоа што државаната агенција МИА го објави посланието со погрешен датум предизвика уште поголемо проширување на грешката по други медиуми. Надлежните од државната агенција пак наместо да реагираат се обидоа преку коментари на Фјесбук да најдат оправдување за тоа, посочувајќчи дека Архиепископот знел што точно пишува. Па така го напишаа следново: „Не се многу различни и тие од 1941 година (за тие што малку знаат, тешко сфаќаат, а уште помалку разбираат, архиепископот Стефан знае зошто во Илинденското послание ја споменува 1941 година како година кога е „посеано семето на вториот Илинден“, а не 1944, така што „оладете“ малку момчиња).“ И се ова можеби ќе беше така и можеби момчињата што малку знеме, тешко сфаќаме и уште помалку разбираме, ќе оладевме, ако МПЦ-ОА не ја поправеше грешката.
Сега веќе кога грешката во текстовите кај МПЦ-ОА е поправна, редно е и државната агенција да ја поправи, за да не остане како доказ за неписменост низ историјата. И така сите ќе оладиме.

