Почетна Коментар МПЦ се обидува да ја присвои историјата на бугарскиот народ
МПЦ се обидува да ја присвои историјата на бугарскиот народ

МПЦ се обидува да ја присвои историјата на бугарскиот народ

751
3

Во врска со распространетите шпекулации од одделни лица, дека мнозинството членови на Светиот синод на БПЦ, носејќи решение на 14 мај 2018 година да не испратат свои претставници на прославата во Охрид на 27 мај, станале национални предавници, должни сме да го појасниме следното:

1.Бугарската православна црква-Бугарска патријаршија никогаш немала намера да се откаже од својата многувековна историја и канонско достоинство, како вистински наследник на Бугарската Охридска архиепископија, независно од политичката коњуктура;

2.За нас е неприфатливо БПЦ-БПда земе учество на претстојните прослави во Охрид, по повод 1000 годишнината од основањето на Бугарската Охридска архиепископија, зашто со нашето учество таму, би се извршило национално предавство, и зашто со тоа БПЦ-БП ќе прифати дека една нова црковна формација, која денес се нарекува „Македонска православна црква – Охридска архиепископија“, создадена од политички причини само пред неколку десетлетија, преку гореспоменатото чествување, го утврдила своето статус-кво, присвојувајќи си ја црковната историја на бугарскиот народ;

3.Бугарските архиереи имаат должност со достоинство да го чуваат својот национален идентитет, па согласно тоа се должни да се држат до каноните на православната црква, недозволувајќи било какви сршнувања од единството на светата соборна и апостолска црква;

4.Секакви тврдења дека „Бугарската црква не треба да се плаши од евентуална шизма, со еднострано и самоволно признавање на Македонската црква“, е плод на апсолутен стремеж кон безредие, а поддржувачите на тој став немаат никакво право да се изјаснуваат како православни христијани;

5.Во врска со писмото од страна на митрополитот Стефан од Скопје, со кое се бара БПЦ-БП да стане мајка црква на на МПЦ, должни сме да појасниме дека во оригиналниот документ од ноември 2017 година јасно е набележано дека „МПЦ-ОА ќе ја препознае и признае БПЦ-БП како мајка црква тогаш кога таа ќе ја признае нејзината автокефалност“, што значи нивната желба не е безусловна.

Пишува: Митрополит Русенски Наум (БПЦ)/ 24часа

Коментар(3)

  1. Прво Српска па Бугарска аи Грчка Македонска епархија на Халкидики да ти имало
    Владициве одамна напраиле безредие во ова канонскава.
    Еее македонски наши владици што убаво си бевме сирачиња што ви требаше мајка да си барате?

  2. Koga od dve zla će izabereš pomalo zlo, pak si izbral zlo. Ovde imame izabrano dve zla i prijateljstvo so bugari i BPC da bide majka na našata crkva.

Напиши одговор на mac Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *