Почетна Вести МПЦ ПРЕСЕЧЕ: НЕ за утрешните бадникови огнови, собраните дрва да се донираат
МПЦ ПРЕСЕЧЕ: НЕ за утрешните бадникови огнови, собраните дрва да се донираат

МПЦ ПРЕСЕЧЕ: НЕ за утрешните бадникови огнови, собраните дрва да се донираат

8.26K
3

Македонската православна црква-ОА одлучи годинава на 5 јануари да не се палат бадникови огнови, а веќе собраните дрва да се донираат на социјално загрозените семејства, пишува Религија.мк .

Црквата ги повикува верниците да го почитуваат овој апел и да почне процесот на конечно прекинување на оваа традиција меѓу народот која нема верски елементи на празнување.

arhiepiskopija-2Наместо на улица покрај оган, МПЦ ги повикуваат верниците на богослужба во црква, каде достојно ќе се прослави Христовото раѓање.

Дополнително МПЦ апелира до своите верници на овој начин да спречат дополнително загадување на воздухот во овој период на екстремна загаденост во градовите низ земјата, а особено во главниот град.

-Верниците од секое маало, секоја улица, секоја населба или град кои планираат да организираат коледарски оган, да не го прават тоа, туку да ги донираат дрвата. Исто така, на тој начин ќе покажеме и доволна граѓанска свест во време кога главниот град Скопје, но и другите градови се соочуваат со енормно ниво на загадување – потенцираат од МПЦ.

Исто така, МПЦ потсетува дека коледарските огнови не се традиција која е во согласност со преданието на христијанската вера, зашто во време на пост се прават забави, некаде дури и се мрси, а луѓето место во црквите на служба и молитва, се присутни околу огновите, кои се пагански, а не христијански обичај.

– Ги повикуваме сите верници да учествуваат во вечерните богослуженија на Бадник, па така достојно да го прославиме Христовото Рождество – додаваат од МПЦ.

/РЕЛИГИЈА.МК

Коментар(3)

  1. Која МПЦ? Неговото Високопреосвештенство митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар за МИА ( http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/282/133514581 ) го изјавил ова:
    – Ние сме против тоа што некои нешто неконтролирано прават во врска со извесни обреди. На пример огновите мора да бидат оцрковени, мора да им дадеме верски, црковен белег и согласно учењето на црквата. Огнот треба да се разбере како домашно огниште околу кое се собира семејството. Што е Бадник!? Тоа е бдеење. Што е бдеење!? Тоа е очекување за нешто да се случи. Што очекуваме на Бадник? Го очекуваме раѓањето на богомладенецот. Во таква ситуација треба да се подготвиме за тој настан, а тоа ќе го направиме со пеење на црковни песни. Многу добар е примерот во Битола кога децата со импровизирана пештера во рака и иконата на Христа богомладенецот посетуваат разни домови и пејат за рождеството христово, тропарот на раѓањето, што значи станува збор за целосно црковен обред и ние се застапуваме за тоа, а не за тоа да се јаде месо, да се пие ракија и тн. На огновите треба да има костени, да се послужува чај бидејќи тоа е строг пост и треба да се јадат јаболка и круши, и да не се пејат неморални песни, порачува во Божикното интервју за МИА г. Петар, митрополит преспанско-пелагониски и администратор австралиско новозеландски.

    Не гледам овде забрана за огнови, туку само за неморал и грев.

  2. Vejke 25 godini kolku sto jas se sejkavam tradicijata e taa se palat ognovi za za badnik…..na koj mu tekna sega deka toa ne trebalo taka da bide…..

Напиши одговор на Jani Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *