Почетна Вести МПЦ покажа добра воља – Владиката Тимотеј ќе и однесе на СПЦ мошти од Свети Јован Владимир
МПЦ покажа добра воља – Владиката Тимотеј ќе и однесе на СПЦ мошти од Свети Јован Владимир

МПЦ покажа добра воља – Владиката Тимотеј ќе и однесе на СПЦ мошти од Свети Јован Владимир

1.98K
3

Синодот на Македонската православна црква позитивно одговори на молбата од Црногорско-приморскиот митрополит Амфилохије и на 25 септември, Митрополитот Тимотеј ќе патува за Бар со честица од моштите на Свети Јован Владимир.

Mosti sveti jovan vladimirОткако биле запазени сите процедури на комуникација, МПЦ одлучила да покаже добра воља и дозволи честица од моштите на Свети Јован Владимир да бидат однесени за осветувањето на најголемиот храм на СПЦ во Црна Гора кој е посветен токму на овој светец.

Дека ќе патува за Бар за „Религија.мк“ потврди и Дебарско-кичевскиот митрополит г. Тимотеј.

-Митрополитот Амфилохије се обрати до нас, Синодот одобри, така што на 25 септември ќе бидам во Бар со честица од моштите на Свети Јован Владимир, вели Митрополитот г. Тимотеј.

Сепак, засега останува нејасно дали Амфилохије ќе додржи до принципите кои ги заговараше, а тоа е дека овој чин може да биде добар повод за обновување на релациите со МПЦ и нема да го покани Вранишковски на осветувањето на храмот. Во неговиот Кабинет не сакаат да зборуваат на оваа тема.

На почетокот од јули Амфилохије во ексклузивна изјава за „Религија.мк“ ги повика Владиците на МПЦ да присуствуваат на осветувањето на црквата во Бар и за тој чин да дадат мошти од Свети Јован Владимир, кои се чуваат во Охрид.

Амфилохије подоцна испрати и писмо до Митрополитот Тимотеј и до Синодот на МПЦ, во кое Архиепископот Стефан го ословуваше како „Блажењеши Архиепископ Охридски и Македонски“.

На осветувањето на црквата во Бар, ќе присуствува и Албанскиот Архиепископ Атанасиј, а најверојатно и Ерусалимскиот Патријарх Теофил.

/РЕЛИГИЈА.МК

 

 

Коментар(3)

  1. Разменувањето на Свети мошти е добро за секоја Помесна Православна Црква, или пак носење на Свети мошти за поклонение на народот. Ова можи да послужи нашата Црква да побара моштите од св. ап. и евангелист Лука, св. Георгиј Победоносец и др.

  2. Znaci uspea Amfilohije da gi pridobie raskolnickite vladici na MPC i da go poslusaat, ko bajigi od toa ce imaat nrkakva polzaq. Ce otide Timotej da bi ja videl velicinata na Vraniskovski, koj nikako ne ispusta da bide podaleku od Srpskiot patrijarh, tuku sekogas mu e od negovata desna strana , vo sredina pomedju patrijarhot i prestolonaslednikot. Amfilohije im frlil koska, da vidi kako ce ja zagrizat, oti toj ne veruva deka , vladicite na raskolnickata Mpc , se uvereni vo velicinata vna Vraniskovski, Toj ne veruva deka makedoncite gledaat vesti na Tv i ne se ubedeni vo toa sto pretstavuva Vraniskovski. Vaka nalice mesto ima da se uveri Timotij i ce ima sto da prenese naq sinodot na koj bas toj e prtparol. . Timotej ce ima prilika da se uveri vo korpus delikti na lice mesto. /eka odi

  3. Neka odi Timotej , no ne veruvam deka ce go stavat na sofrata da sedi pokraj Patrijarhot Iri nej i Arhiepiskopot Vraniskovski. Gi vaka Amfilokija da im gi zeme mostite, no ne i da kupi pamet od Tikotej, ili bilo od koj Makedonski vladika. Aj, bas da viidam dali i voopsto ke spomenat nekade deka na torzestvoto ucestvuva i nekoj od raskolnickata makedonska ili pak Crnogorskata pravoslavna crkva. Me cudi ovoj poteg na lukaviot i mudriot crnogorec, prerusen vo srpski crkveni velikodostoinstvenik, da povika pertstavnici na MPC, a da ne gi povika prestavnicite na na CRnogorskata pravoslavna crkva, koja istaq taka ja ceni i uvazuva kakao i Makedonskata, , edinstveno sto na Crnororskata nemoze da i postavi paralelna erarhija, kako na makedonskata. . Toj do nekade mi lici na crkven Tito, negoviot zbor sekade se slusa , i pomedju srbite, crnogorcite, a eve sega i pomedju makedoncite vo crkoven pogled.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *