Почетна Вера МПЦ отслужи заупокоена литургија за убиениот руски амбасадор

МПЦ отслужи заупокоена литургија за убиениот руски амбасадор

251
0

Македонската православна црква отслужи заупокоена литургија и помен за трагичната смрт на Амбасадор на Русија во Турција Андреј Карлов.

mmmmЛитургијата во црквата Рождество на Пресвета Богородица ја отслужи Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, а присуствуваше и амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Шчербак.

Осврнувајќи се на убиството на својот колега во Турција, Шчербак потенцираше дека тероризмот е општо зло, а борбата против ова зло е општа задача.

Тој рече дека целта на убиството на највисокиот руски дипломат во Турција била да се нарушат билатералните односи меѓу двете земји.

Амбасадорот Карлов беше застрелан на 19-ти декември во Анкара на отворањето на фотографска изложба, од страна на 22-годишен турски полицаец. Иако исламистичката коалиција Џаиш ал-Фатах ја презеде одговорноста за грозоморниот чин, руските служби во соработка со турската полиција сеуште работат на откривање на вистинските нарачатели на убиството.

Главниот обвинител во Турција објави дека истражителите пронашле писмо од извршителот на убиството во кое тој порачува дека не само Русија, тку и САД наскоро ќе го видат крајот.

– Никогаш нема да бидете безбедни додека ние арапите не се чуствуваме безбедни во своите земји, пишувало во писмото на Мевлут Алтнташ.

Обвинителството сепак се сомнева дека писмото е намерно оставено за да го одвлече вниманието од главните причини за атентатот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *