Почетна Вести МПЦ објасни зошто не го слави Божик по грегоријанскиот календар!

МПЦ објасни зошто не го слави Божик по грегоријанскиот календар!

2.98K
7

Коментар(7)

  1. Мудро, правилно.
    Да се прочита за големите неисправности кои ги донесе календарот што кажува св. архиепископ Серафим Соболев во антимодернизм.ру
    Не сме технолози и астрономи.
    На римокатолиците велигден 13 пати им бил пред еврејската Пасха.
    Како можи Христос да воскресни пред да го распнат???
    Која е духовната потреба од модернизам? Ни која! Кога нешто се менува секогаш едни остануваат на провереното и иди до раскол. Каде што го смениле календарот подметнат од вселенскиот патријарх Мелетиј Метаксакис во 1923 г. кој бил масон од 33 степен дошло до поделби. За ова можи да се прочита во книгата “Скупоцени сасуди Духа Светога” на страна 140 од старец Филотеј Зервакос во писмо до Димитриј Гагастатис:
    “ни Вселенски собор ни локален Синод не го воведоа новиот календар. Поточно, Екуменскиот патријарх Мелетиј (Метаксакис), кој беше масон од триесет и трети степен заедно со шест други антиправославни
    ерарси го воведе (новиот календар) антиканонски и незаконски, покажувајќи така презир спрема Православната Црква и преданието на Светите Апостоли и Отци.” Старецот Филотеј Зервакос е чедо на св. Нектариј Егински. Книгата е со благослов на неговото Високопреосвештенство Архиепископ и Митрополит Црногорско – приморски Г. Амфилохиј.

  2. За верата нема векови. Има само еден Господ исус Христос кој е постар и од вековите. Промени не се можни. Веруваш или не … нема друго …

  3. Прашањето на календарот не е прашање на верата!
    Прво, празнувањето на Пасхата се смета според лунарен календар и нема никаква врска ниту со Григоријанскиот, ниту со Јулијанскиот календар. Римокатолиците имаат различна Пасха бидејќи следат друга пасхалија, односно друго сметање. Ако ние прифатиме Григоријански (поточно Реформиран јулијански) календар, нема да прифатиме латинска пасхалија.
    Друго, штом Отците можеле да го прифатат веќе востановениот НЕЗНАБОЖЕЧКИ Јулијански календар и во него да го изградат месецословот, и ние можеме да прифатиме еден поточен календар, кој е изработен од астрономи, а не од самиот папа. Па и од папата да е, не е заразен, па да ни пренесе некоја ерес. Замислете до колку се фанатизирате: дури и исламскиот свет прифаќа Григоријански (ХРИСТИЈАНСКИ) календар за дипломатски и економски цели, а ние не го сакаме оти бил папски, демек за нас е прашање на верата, а за антихристите не е.
    Плус, ако некому пред сто и кусур години не му било проблем да се води по Јулијански календар, зашто неговото село било центар на светот и подалеку од блискиот град не гледал, денес е 21 век, како што вели Роберт и светот е неверојатно поврзан на секој можен начин. Несовесно и несериозно е да пренебрегнуваме едно вака значајно прашање само поради радикални ставови.
    И на крај, да ве прашам: Православните Христијани што живеат по нов календар се помалку православни од вас?!

  4. Секој е слободен да си слави кога сака и како сака. Секој има право на избор. Православните кои живеат по нов календар зошто не го слават и Велигден по нов стил? Нема маж. Промени не се можни. Не 21, туку 31 век да биди …

    1. Ако секој си слави кога сака – ќе настане хаос. Не е до мажественоста, сосема друга е поентата. Не постои Велигден по стар стил и Велигден по нов стил. Има источен начин на пресметување на Пасха (православен и прецизен) и има латински начин на пресметување (локален и непрецизен). Порано секоја помесна црква имала свој, но токму поради хаосот во празнувањето, александрискиот начин на пресметување на Пасха е утврден на Првиот вселенски собор како општозадолжителен за сите цркви (само Рим никогаш не го прифатил) и не смее да се менува. Јулијанскиот или Григоријанскиот, или било кој друг календар не се утврдени на Вселенски собор и можат да се менуваат за да се избегне различно празнување. Како што може сега да преминеме на Григоријански, бидејќи Јулијанскиот се отклонува, така во иднина можеме да преминеме од Григоријански на некој друг што ќе се покаже како поточен и како таков биде прифатен од целиот свет. Тоа е важното – да празнуваме заедно со сите луѓе во светот. А ако богомилски сметате дека смртните луѓе од злобниот свет се недостојни за вас, и ако се водите од апокалиптичната псевдо-теологија изразена во српски книги што своите учења ги црпат од матните потоци на прелеста и нема ништо заедничко со Светите Отци на Црквата, тогаш најдете по кој календар слават ангелите на небото и по него славете, за да бидете во чекор со вонвременското.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *