Почетна Вести Христијанство МПЦ-ОА: Верниците да ги почитуваат апелите на свештенството
МПЦ-ОА: Верниците да ги почитуваат апелите на свештенството

МПЦ-ОА: Верниците да ги почитуваат апелите на свештенството

330
0

По телефонскиот разговор што Претседателот Стево Пендаровски го имал со поглаварите на МПЦ и на ИВЗ, Синодот на МПЦ-ОА, излезе со соопштеие во кое апелира верниците да ги почитуваат апелите на свештенството за почитување на мерките за заштитат.

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, уште од почетокот на појавата на здравствената криза во нашата земја и во светот, па сѐ до денес, однесувајќи се конструктивно, во сите свои официјални соопштенија постојано апелираше до верниот народ за почитување и придржување кон препораките кои водат кон сузбивање на пандемијата предизвикана од Ковид 19.

Во сиот изминат близок период, значаен од духовен аспект за православните христијани и за црковното живеење, вклучително и последните празнувања, верниот воцкровен народ, иако чувствувајќи ја насушната потреба од духовна храна, особено во вакви времиња, сепак остана послушен на апелите, сметајќи ги како акт на христијанска пожртвуваност и љубов.

Во овој дух, МПЦ-ОА, уште еднаш истакнува дека ги почитува и се придржува, а во таа насока и го повикува верниот народ кон исполнување на официјалните зададени мерки од страна на Владата и здравствените власти за социјална дистанца и носење соодветни заштитни средства.

Пребивајќи во постојана увереност во милоста Божја и чекајќи спасение од Господа (Битие 49, 18), поучени од духовната историја и словото на светите отци, во овој период да ги удвоиме силите и севкупниот напор и кон духовните мерки, односно духовните средства во вакви и слични состојби, придржувајќи се и применувајќи ги зададените профилактички мерки од страна на одговорните.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *