Почетна Вести Христијанство МПЦ-ОА: Со документот на СПЦ црквата се претставува како достојна за автокефаност
МПЦ-ОА: Со документот на СПЦ црквата се претставува како достојна за автокефаност

МПЦ-ОА: Со документот на СПЦ црквата се претставува како достојна за автокефаност

353
0

МПЦ-Охридската Архиепископија денеска преку соопштение го појаснува актот што СПЦ вчера го обзнани во Белград, посочувахќи дека станува збор за документ со кој се препорачува автокефалност за МПЦ-ОА, и со кој се потврдува нејзината подготвеност и достојност за тоа.

-Му благодариме на Милостивиот Бог, а воедно и на сестринската Српска Православна Црква (СПЦ) за снисходливоста и покажаната љубов за помирување и за навремено и брзо решавање на меѓусебниот однос и административните аспекти, што произлезе како насока од страна на Великата Христова Црква во Константинопол и со актот за враќање во канонско единство на Охридската Архиепископија и со сите досегашни напори.  Овој процес меѓу двете Цркви беше заокружен вчера во Белград, како меѓусебно решение, со издавањето на официјален документ, како своевидна препорака со која нашата света Црква се претставува како подготвена и достојна за автокефалност, пишува во соопштението од Кабинетот на Архиепископот.

МПЦ-ОА сега се фокусира на односите со Вселенската патријаршија, каде на 12 јуни во Фанар ќе се случи првото сослужување на Архиепископот Стефан и Патријархот Вартоломеј.

-Известуваме дека во наредниот период, при официјалната посета на Фанар за Педесетница, што со голема радост ја очекуваме и кога ќе биде официјализирано нашето прифаќање во сеправославното литургиско и канонско единство, претстои да биде известена Вселенската Патријаршија за решението на СПЦ за да бидат затворени сите управни прашања меѓу двете Цркви. Изразуваме полноцрковна надеж, во иднина, односно кога за тоа ќе биде одлучено, да се пристапи кон финализирање на нашето црковно прашање и со издавање на општопризнат Томос од страна на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, согласно неговите законски и историски принадлежности, стои во соопштението на МПЦ-ОА.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *