Почетна Вести Христијанство МПЦ-ОА препознава оптимизам кај Вселенскиот патријарх за автокефалност

МПЦ-ОА препознава оптимизам кај Вселенскиот патријарх за автокефалност

183
0

Македонската православна црква препознава оптимизам кај Вселенскиот патријарх Вартоломеј за кончено решавање на канонскиот статус на МПЦ.

Архиепископот Стефан денеска од чествувањето на Водици за прв пат јавно му се заблагодари на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за решителноста да го прифати процесот на апелациона жалба од МПЦ и да го стави на дневен ред прашањето за македонската автокефалност.

Поглаварот на МПЦ-ОА, е оптимист дека со помош на Вселенската патријаршија, православните цркви ќе ја осознаат вистината за МПЦ и ќе ја препознаат искреноста за нејзино прифаќање во православното семејство.

Минатата недела Вселенската патријаршија, по средбата на Вартоломеј со премиерот Оливер Спасовски и екс премиерот Зоран Заев, објави дека донела одлука да биде посредни во црковниот спор и дека го прифаќа барањето на МПЦ за апелациска постапка и признавање на нејзината автокефалноста.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *