Почетна Вести Христијанство МПЦ-ОА ќе ја менува тврдата одлука за украинската автокефалност – Синодот формира Комисија
МПЦ-ОА ќе ја менува тврдата одлука за украинската автокефалност – Синодот формира Комисија

МПЦ-ОА ќе ја менува тврдата одлука за украинската автокефалност – Синодот формира Комисија

5.39K
1

Македонската православна црква го менува ригидниот став за автокефалната црква во Украина. Откако донесе одлука дека МПЦ-ОА ќе ја признае ПЦУ тогаш кога сите православни цркви ќе ја признаат, вчера Синодот во работен состав донел одлука да формира Комисија која треба да го проучува украинскоѕто цврковно прашање. Како претседател на оваа Комисија е поставен МИтрополитот Иларион, а потретседател Епископот Јоаким.

-Синодот посвети сериозно внимание на проучување на украинското црковно прашање и формира Комисија која ќе го проучи статусот на Православната Црква во Украина која што доби автокефалност од Вселенската Патријаршија. Претседател на Комисијата е Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а потпретседател е Епископот Дељадровско-илинденски г. Јоаким, стои во соопштението од Синодот на МПЦ-ОА.

Паралелно истата комисија ќе го анализира и проблемот со именувањето на МПЦ-ОА со, како што вели Синодот, елинофонските цркви.

-Истата Комисија има за цел да го проучи и проблемот со именувањето на нашата Света Црква со елинофонските Цркви, стои во соопштеноето на Синодот.

Синодот на МПЦ-ОА се занимавал и со пишувањата на религија.мк, па одлучил да испрати совет до главниот уредник.

-Светиот Синод на МПЦ – ОА разгледувајќи ги написите од г. Маријан Николовски на порталот Религија.мк, го советува, при објавувањето на црковните теми, да ги проучи соодветно за да не предизвикува погрешни информации во јавноста, стои во соопштението на МПЦ-ОА.

Коментар(1)

  1. Насловот тенденциозен и измамнички, како и обично. Целесообразен соинтересите и амбициите на авторот на текстот на информацијата. Македонската Православна Црква оформила свој орган кој ќе го проучува украинското црковно прашање, и толку. Не рекла ништо од она што тврди насловот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *